Зеленски: Низ разузнавачките канали протекоа детали за договор САД-Русија без Украина

Макфакс
/ 07.02.2026 / 13:21

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина, но без учество на Киев. Тоа го изјави вчера на брифинг за новинари, во време на засилени дипломатски активности насочени кон завршување на војната, при што веќе следната недела се очекува можно продолжение на трилатералните преговори помеѓу Украина, САД и Русија, веројатно на американска територија, пишува The Kyiv Independent.

„Со оглед на потенцијалните ризици, украинската делегација го пренесе ставот дека, ако дојде до билатерални договори меѓу Русија и САД, одредбите што се однесуваат на Украина не смеат да бидат во спротивност со нашиот устав“, рече Зеленски, алудирајќи на територијалните прашања.

Нагласи дека Киев добива сигнали за можно потпишување на билатерални документи помеѓу Вашингтон и Москва, вклучувајќи ги и оние за економска соработка.

Зеленски додаде дека Украина нема целосен увид во сите можни деловни аранжмани, но дека некои детали протекле низ разузнавачките канали. Како пример тој го наведе т.н. Дмитријев пакет, кој во САД наводно го претставил рускиот преговарач Кирил Дмитријев.

„Разузнавачите ми го покажаа т.н. Дмитријев пакет претставен во САД – вреди околу 12 трилиони долари“, рече Зеленски, опишувајќи го како предлог за обемна економска соработка меѓу двете земји. Додаде дека Киев забележал и знаци дека потенцијалните американско-руски документи можат да содржат одредби кои се однесуваат на Украина.

„Јасно велиме дека Украина нема да поддржи никакви договори за нас без нас“, заклучи тој.

реклама

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Read more

Вучиќ: Отидоа да се сончаат во Дубаи сега бараат виновници во нас кои им помагаме

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more

Свет

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Read more

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Read more

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Read more

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Read more
 

Вести

  • filter

Ким Џонг Ун пловеше со новиот разурнувач и гледаше лансирање проектили

Читај повеќе
  • play_arrow

Иранската телевизија објави видео од уништувањето на Техеран

Читај повеќе

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост на жените

Читај повеќе

Во Македонија 31,2% од децата имаат зголемена телесна тежина, потребни се итни системски интервенции

Читај повеќе

Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја

Читај повеќе

Скопјанец ширел омраза кон македонската држава и идентитет преку Facebook

Читај повеќе

Нова мапа на Европа предизвика жестока дебата за Балканот

Читај повеќе

Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп

Читај повеќе

Два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Читај повеќе