Зошто папата не може да биде донатор на органи?

Макфакс
/ 23.04.2025 / 19:11

Официјални лица од Ватикан објаснија зошто поглаварот на Католичката црква не може да биде донатор на органи и по смртта, без разлика дали е регистриран како донатор или не.

Телото на папата Франциск утрово беше префрлено во базиликата „Свети Петар“ за католичките верници да му оддадат последна почит пред погребот кој ќе се одржи во сабота во 10 часот. Јавноста ќе може да му оддаде почит на папата Франциск до петок.

Кога Ватикан беше домаќин на европската донација на органи во октомври 2014 година, папата Франциск го опиша чинот на донирање органи како „сведоштво за љубов кон ближниот“. Сепак, папата не може да биде донатор на органи и ќе биде погребан со сите органи што ги имал во моментот на неговата смрт. Дури и да одлучил да биде донатор на органи порано во животот, пред да биде избран за папа, таа одлука се поништува.

Иако многумина шпекулираат дека папата не може да биде донатор поради неговата возраст, вистинската причина излезе на виделина кога на чело на Католичката црква беше Бенедикт XVI, за кој се знаеше дека има картичка за дарување органи. Еден лекар се залагаше за практиката папата да биде донатор на органи, за да послужи како пример, но Ватикан го замоли да престане и објасни дека Бенедикт XVI всушност не би можел да ги донира своите органи доколку умре како папа.

Бенедикт доброволно се пензионира во 2013 година, но додека тој сè уште беше поглавар на црквата, неговиот секретар, монсињор Георг Гаенсвајн, испрати писмо до докторот кое подоцна го објавија медиумите. Во писмото објаснува: „Точно е дека папата поседува картичка за донирање органи, но спротивно на јавното мислење, картичката издадена во 1970-тите стана де факто неважечка со изборот на кардиналот за папа“.

Официјални лица на Ватикан објаснија дека кога папата ќе умре, неговото тело во целост ѝ припаѓа на Црквата и мора да биде погребано недопрено. Според Reuters, официјалните лица додале дека органите на папата, доколку се донираат, ќе станат реликвии во други тела доколку покојниот папа на крајот биде прогласен за светец.

Коментирајќи ја одлуката на папата Бенедикт да стане донатор на органи, портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди тогаш рече: „Папата очигледно направил избор пред многу години. Како граѓанин можел да ја донесе таа одлука, но сега има поинаква улога“.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Свет

Турција воведува казни за патниците кои пребрзо се упатуваат кон излезот по слетувањето

Read more

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Read more

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Read more

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Read more
 

Вести

Турција воведува казни за патниците кои пребрзо се упатуваат кон излезот по слетувањето

Читај повеќе

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе