Зошто Трамп упорно ја распоредува Националната гарда во американските градови?

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да распореди припадници на Националната гарда во неколку американски градови предизвика лавина правни битки со државни и локални претставници, пишува BBC.

Трамп тврди дека употребата на федерални сили е неопходна за сузбивање на насилството во градовите кои ги водат демократите, борба против криминалот и поддршка на неговите иницијативи за депортација. Од друга страна, неколку демократски гувернери остро се спротиставија, нагласувајќи дека таквите потези се непотребни и може дополнително да ја ескалираат напнатоста.

Правната битка веќе започна. Сојузната држава Илиноис вчера поднесе тужба со барање да се блокира испраќањето сили во Чикаго, додека федерален судија пред два дена привремено запре распоредувањето на припадници на Националната гарда од Тексас и Калифорнија во Портланд. 

Remote video URL
Што е Национална гарда?

Националната гарда првенствено се состои од војници сместени во сојузните држави кои обично реагираат во итни ситуации како природни катастрофи или големи протести. Секоја од 50-те американски држави, како и Дистрикт Колумбија и териториите Гуам, Порторико и Американски Девствени Острови, има свои единици. Тие можат да бидат распоредени и во странство, а некои единици се специјализирани за гаснење шуми или обезбедување на границата.

Иако Гарда на крајот е подредена на Министерството за одбрана, а претседателот може во одредени околности да ја стави под федерална контрола, барањата за интервенција обично доаѓаат од локално ниво. Гувернерот е тој што ја активира Гардата за време на вонредна состојба и може да побара помош од претседателот или од други држави.

Важно е да се напомене дека Националната гарда има ограничени овластувања: нејзините припадници не спроведуваат закони, не вршат апсења ниту претреси. Покрај тоа, законот познат како Posse Comitatus Act строго ја ограничува федералната влада во користењето на армијата за внатрешни работи....

Обиди на Трамп за заобиколување на процедурата

Претседателот Трамп веќе неколкупати се обиде да го заобиколи вообичаениот протокол за распоредување на Националната гарда. Во јуни ја презеде контролата над калифорниската Национална гарда за да одговори на протестите против имиграциските акции во Лос Анџелес, и покрај противењето на гувернерот Гавин Њусом.

Remote video URL

Калифорнија поднесе две тужби против неговата администрација поради тоа. Иако на апелациониот суд во еден случај му дадоа право на претседателот, во друг случај федерален судија утврди дека Трамп го прекршил Posse Comitatus Act.

Во текот на летото стотици припадници на Гардата стигнаа во Вашингтон поради, како што Трамп опиша, „ситуација на потполна и целосна анархија“, наведувајќи ги како причини бездомништвото и криминалот.

Недавно одобри испраќање 300 припадници во Чикаго по протестите пред имиграциските притворски центри. Демократскиот гувернер Џеј-Би Прицкер го обвини Трамп дека се обидува „да создаде криза“ и исто така поднесе тужба. Најновиот случај беше обидот да се испрати Гарда во Портланд, што федерален судија привремено го блокира во неделата навечер....

На кој закон се повикува Трамп?
Remote video URL

Администрацијата на Трамп се повикува на малку позната одредба од американскиот воен закон која претседателите ретко ја користеле досега. Станува збор за законот 10 US Code § 12406, кој му овозможува на претседателот да ја повика Националната гарда на која било држава во служба ако САД „се нападнати или во опасност од инвазија од страна на странска сила“ или ако „постои бунт или опасност од бунт“ против американската влада.

Трамп се повика на овој закон во јуни кога федерализираше 2000 припадници на Гардата за поддршка на имиграциските мисии (ICE). Министерот за одбрана Пит Хегсет исто така го цитираше во својот допис од 28 септември во врска со распоредувањето на 200 припадници на орегонската Национална Гарда.

„Многу сме уверени во претседателовата правна овластеност да го стори тоа“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит во понеделник, 6 октомври. „И многу сме уверени дека ќе победиме според законот...“

Remote video URL
Зошто баш Портланд?

Трамп сака повторно да ја искористи Националната гарда како одговор на демонстрациите, овојпат по протестите кои се одржаа за време на викендот во близина на зградата на имиграциската служба (ICE) во Портланд. Таму федералните агенти се судрија со демонстрантите кои се спротивставуваат на Трамповата иницијатива за масовни депортации.

Портландската полиција соопшти дека на 4 октомври уапсила две лица поради агресивно однесување, при што кај едно од нив биле пронајдени солзавец и преклопен стап.

Локалните медиуми известуваат дека федералните сили користеле солзавец и димни бомби за растерување на демонстрантите. Додека Трамп тврдел дека градот „горел“, гувернерката на Орегон, Тина Котек, демократка, порача: „нема бунт во Портланд, нема закана за националната безбедност“.

Remote video URL
„Ова е нација на уставно право, а не на воен закон“

Администрацијата на Трамп се обиде да прати 200 припадници на калифорниската Национална гарда во соседниот Орегон, но оваа акција беше привремено запрена со низа пресуди од страна на окружната судијка Карин Имергут, која Трамп ја именуваше за време на својот прв мандат.

Во саботата го блокира федерализирањето на орегонската Национална гарда, пишувајќи во пресудата: „Ова е нација на уставно право, а не на воен закон.“ Ден подоцна донесе и привремена забрана за испраќање на калифорниската Гарда во Портланд. Се очекува жалба од администрацијата на Трамп.

Тагови
реклама
njljddnjljnjdlj.jpg

Одземени компјутери и вршен распит во Општина Струмица за изборен криминал

Read more
Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

Read more
Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Пет минути пилатес за жените кои поминуваат многу време во седење

Read more
Како најлесно да се ослободите од првутот?

Како најлесно да се ослободите од првутот?

Read more

Свет

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Read more

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе