Ветераните на ОВК до ЕУЛЕКС: Ќе ви одговориме исто како на Југославија

Секретарот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Фатон Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Таковото однесување, изјави Клинаку, наликува на она на некогашните југословенски безбедносни сили кои вршеа упади, претреси и апсења на Албанците без никаков налог.

Тој ги нарече припадниците на ЕУЛЕКС „криминалци“ и порача дека, доколку бидат принудени, припадниците на некогашната ОВК ќе се борат против меѓународната организација, како што се бореле и против Југославија.

– Бев во канцеларија и пиев кафе, кога упаднаа господава без да покажат никаков документ. Им реков дека Југославија постапуваше исто вака и ние сме принудени да им одговориме. Ако нашата држава не преземе мерки, овие ќе не принудат да се бориме исто како и против Југославија. Ниту имаат документи, ниту хартии, ниту преведувач. Нашата држава е виновна, изјави Клинаку, нагласувајќи дека се работи само за претрес и нема апсења.

Воениот ветеран Џавит Јашари порача дека припадниците на некогашната ОВК во иднина нема да дозволат такви ненајавени дејствија.

– Ние нема да дозволиме да дојдат без никаков налог и без најава. Можно е да се криминалци од Србија. Маскирани се, зборуваат на разни јазици, а некои од нив на словенски јазици. Ние нема да дозволиме такви работи. Слободата ја извојувавме со борба и со крв и никому нема да дозволиме да ни ја одземе, им изјави Јашари на новинарите.

 

Претресот на просториите на ОВВ-ОВК од страна на полицијата на ЕУЛЕКС, кој започна околу 11.30 часот, продолжува и натаму. Моментно внатре во канцелариите на организацијата се наоѓаат околу 50 припадници на ЕУЛЕКС а од надвор објектот го обезбедуваат припадници на полицијата на Косово, кои им наложија на новинарите да го напуштат местото на настанот. Од припадниците на ОВВ-ОВК внатре во просториите се наоѓа единствено претседателот на организацијата Хисни Гуцати.

Околу еден час по почетокот на акцијата, во зградата во центарот на Приштина, каде што се наоѓаат канцелариите на ветераните на ОВК, се појавија истражители на меѓународната мисија, а во неколку наврати се забележани полицајци на ЕУЛЕКС како изнесуваат пакети со документи.

Адвокатот на ОВВ-ОВК Том Гаши, кој пристигна на местото на настанот веднаш по првите информации дека се случува упад, изјави дека не верува оти ЕУЛЕКС е дојден со намера да апси, туку само врши претрес.

– Јас верувам дека не барат никого. Тој што го бараат знаат каде можат да го најдат, изјави Гаши.

Акцијата на полицијата на ЕУЛЕКС уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа. Тој е првиот од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 против кого е официјално подигнато обвинение од страна на Специјализираните комори, односно меѓународниот суд за Косово, познат во косовската јавност како „суд за ОВК“.

Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе