Вежби за истегнување за луѓето со седечка работа
Седењето пред компјутер е напорно за ‘рбетот бидејќи ја држите главата наведната за 30 степени, што предизвикува затегнување на мускулите.
Веројатно веќе ви се познати последиците од работата пред компјутер, знаете сè за редовните непријатности како вкочанет врат, болки во грбот, здрвена рака, слаба циркулација и главоболки. Овие непријатности најчесто се резултат на недоволно движење или неправилно држење на телото додека работите седнати пред компјутер.
За да ги ублажите овие појави, доволно е да одвоите 10 минути во денот да го истегнете телото и мускулите за да ја подобрите циркулацијата.