Што всушност се случило во Иранската револуција од 1979 година?
Иран бил просперитетна држава чии граѓани уживале многу права и половите биле еднакви, но не била демократија, туку со неа владеел шах, кој претходно ја добил власта со помош на САД. Иако однадвор животот во Иран делувал розов, одвнатре бил далеку од таков, особено за обичниот народ од руралните средини.
Со Иранската револуција диктатурата на шахот ја заменила уште полоша владејачка гарнитура која исталирала строг исламски шеријат, па наместо подобар живот во Иран дошле уште полоши времиња.