Викенд на голови: Преглед на колото во првата и втората лига

Филип Здравески
/ 23.09.2024 / 15:52

На терените шурум Македонија имаше богата фудбалска програма во неделата оти истовремето се играа натпреварите и од првата и од втората лига.

Од дуелот Беса 1976 - Пелистер; Фото: ФК Беса 1976 Добри Дол

На шесте прволигашки средби беа постигнати 20 голови, што во просек е 3,333 голови по натпревар. Ниту еден натпревар не завршпи со најнепопуларниот резултат, а најефикасно беше во Тетово каде на дуелот Шкендија - Воска Спорт публиката виде 6 гола, додека еден помалку имаше во Гостивар. Најмалку имаше во Кавадарци, само еден.

5. коло резултати:

Стадион „Градски“ во Гостивар
Беса 1976 – Пелистер 2:3 (0:2)
Стрелци: 58', 90'+4 Ремзифаик Селмани - 9' Вилдан Керим, 27' Мирко Ивановски, 76' Александар Катаниќ
Главен судија: Јован Качевски (Струга)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје
Работнички – Брера Струмица 1:1 (0:1)
Стрелци: 74' Егзон Белица - 26' Марјан Ристовски
Црвен картон: 52' Абдул Рватубјаје (БС)
Главен судија: Игор Стојчевски (Скопје)

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија – Воска спорт 5:1 (4:0)
Стрелци: 19' Фитон Адеми, 32', 60' Бесарт Ибраими, 34' Ване Крстевски, 45'+1 Мевлан Адили - 56' Абдулхади Јахја
Главен судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Стадионот „Силекс“ во Кратово
Силекс – Гостивар 1:2 (0:1)
Стрелци: 87' (п) Марко Ѓорѓиевски - 16' Огузхан Ајдоган
Главен судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Градска плажа“ во Струга
Струга – Шкупи 0:3 (0:1)
Стрелци: 6' (аг) Сава Радиќ, 72', 90' Фабрис Тамба
Црвен картон: 85' Хоган Укпа (С), 87' Михал Пинтер (Ш)
Главен судија: Димитар Пилешков (Штип)

Стадион „Градски“ во Кавадарци
Тиквеш – Вардар 0:1 (0:0)
Стрелци: 71' Горан Закариќ
Главен судија: Александар Стратев (Скопје)

Хајлајтс од сите натпревари:
Remote video URL

Ова беше прв пат сезонава прволигашите да се поефикасни од второлигашите, кои иако имаа 8 натпревари, односно два повеќе, постигнаа само 18 голови. Тоа значи дека се постигнувале 2,25 голови по натпревар. Слабата ефикасност се должи на фактот што дури 6 натпревари завршија 0-2, а стрелците беа разположени само на два натпревара и тоа во Гевгелија каде публиката посведочи 5 гола, како и во Велес каде паднаа 4.

Напомена: поради промената на распоредот викендов се играше 5-тото коло, а 4. коло се игра сега во среда.

4. коло резултати:

Стадион „Градски“ во Гевгелија
Кожуф – Вардар (Н) 3:2 (2:0)
Стрелци: 12′ Дарко Грозданоски, 32′ Бојан Најденов, 83′ Петар Гугуљанов – 68′ Оливер Тодоров, 87′ Никола Павлески
Главен судија: Стојанче Стојанов (Штип)

Стадион „Градски“ во Радовиш
Дет. Плачковица – Скопје 1:0 (1:0)
Стрелци: 42′ Стефан Бабунски
Главен судија: Марјан Дејаноски (Кичево)

Стадион „Градски“ во Штип
Брегалница – Осогово 1:1 (1:0)
Стрелци: 34′ Иван Галевски – 86′ Марио Симоски
Главен судија: Бардиљ Ибраими (Тетово)

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Вардарски 3:1 (1:0)
Стрелци: 28′ Флорент Османи, 58′ Павле Петров, 60′ Јосиф Манасиев – 87′ (п) Славе Танов
Главен судија: Владимир Ѓорѓиевски (Битола)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП – Саса 1:1 (1:0)
Стрелци: 36′ Алексеј Славков – 55′ Кристијан Таневски
Главен судија: Доне Ристовски (Гевгелија)

Стадион „Речица“ во Голема Речица
Арсими – Новаци 1:0 (0:0)
Стрелци: 49′ Шефит Шефити
Главен судија: Игор Иванов (Велес)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица – Победа 1:1 (1:1)
Стрелци: 25′ Димче Јовов – 34′ Христијан Кукески
Главен судија: Дејан Младеновски (Скопје)

Стадион „Атина Бојаџи“ во Охрид
Охрид Лихнидос – Башкими 1947 0:1 (0:0)
Стрелци: 90'+2 Арљинд Хасани
Црвен картон: 90'+3 Фитор Реџепи (Б)
Главен судија: Александар Урошевиќ (Тетово)

Хајлајтс од 3 натпревари:
Remote video URL

Домашниот фудбал продолжува веќе в среда на 25 септември кога и прволигашите и второлигашите повторно ќе истрчаат на терените.

Бонус:

Головите од еден натпревар од втората женска лига, исто така игран во неделата.

Стадион „Лепенец“ во Бардовци, Скопје
Слободен - Победа 16 1:1 (0:1)
Стрелци: 90'+2 (п) Јоана Никова - 24' Наталија Кавазова
Главен судија: Анастасија Брајковска (Скопје)

Remote video URL
Тагови
реклама

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Претепан возач на пајак-службата

Read more

Израел подготвува план за заминување на Палестинците од Газа: Нека ги примат Шпанија, Ирска, Норвешка, Канада

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе

Никој не знаел или не сакал да ја активира: Кејн има клаузула - уште зимава можел да си оди од Баерн

Читај повеќе