Како што соопштија од Bugatti минатата недела, од нивната фабрика пристигнува фантастичен автомобил.
На прв поглед, се чини дека новиот Bugatti наречен Bolide е нешто што најмногу наликува на Бетмобил, а само звукот на моторот е посебна приказна...
На патеката Пол Рикард во Франција, каде обично се одржуваат трки во Формула 1, можевме да видиме и како изгледа маскираниот Bugatti Bolide, а сега истиот хиперавтомобил ја чека светската премиера.
Bugatti Bolide е тркачки модел кој работи со 8,0-литарски квад-турбо W16 мотор со 1177 kW/1600 КС и 1361 kW/1850 КС и максимален вртежен момент од 1850 Nm кога се користи 110-октанско тркачко гориво.
Верувале или не, Bugatti Bolide тежи само 1.240 килограми.
Од 0 до 100 км/ч Bugatti Bolide стигнува за 2,17 секунди, до 200 км/ч за 4,36 секунди, до 300 км/ч за 7,37 секунди, до 400 км/ч за 12,08 секунди, а забрзува до 500 км/ч за 20,16 секунди.
Според најавите, максималната брзина е над 500 километри на час!
Bugatti Bolide е широк 1.990 мм, висок е само 995 мм, а меѓуосовинското растојание е 2.750 мм.