Вистинско летно освежување: Колач од вишни и пудинг без печење

Ако барате освежителен десерт, треба да го пробате колачот со пудинг од вишни.

Овој колач се прави без брашно и не треба да се пече во рерна.

Потребни состојки:
  • 500 мл сок од вишни (од компот)
  • 500 мл вода
  • 2 големи тегли цреши од компот (приближно 780 грама)
  • 1 л млеко
  • 330 гр шеќер (одвоени 250+80 грама)
  • 150 гр гриз
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 250 гр путер или маргарин
  • 250 мл шлаг
Подготовка:

Во тава сипете го сокот од вишни од компотот и додадете вода и 250 грама шеќер. Промешајте и варете на тивок оган. Нека зоврие. Потоа додадете ги вишните и оставете повторно да зоврие.

После тоа, извадете ја тавата и нежно вмешајте го гризот. Повторно ставете на шпорет и кога ќе зоврие варете пет минути со постојано мешање. Смесата мора да стане густа.

Кога смесата ќе згусне, истурете ја во тавче или калап со димензии 35х20 сантиметри, кој претходно сте го намачкале со путер или маргарин. Оставете да се излади на собна температура.

За тоа време измешајте го пудингот од кесичките заедно со 80 грама шеќер и додадете 12 лажици ладно млеко. Мешајте додека не се раствори шеќерот.

Остатокот од млекото истурете го во тенџере и варете на тивок оган. Кога млекото ќе зоврие тргнете го од оган и додадете ја смесата од пудинг, шеќер и млеко. Мешајте за да нема грутчиња и варете додека не се згусне пудингот. Кога пудингот е готов, додадете го путерот и мешајте додека не се растопи.

Смесата прелијте ја преку смесата со вишни и нежно распоредете ја. Оставете да се излади на собна температура. Во друг сад изматете го шлагот и премачкајте го преку колачот. Оставете го колачот во фрижидер добро да се излади пред да послужувате.

Remote video URL
Тагови
реклама

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Read more

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Read more

Џеј Ло ја отстрани тетоважата посветена на Бен Афлек

Read more

5 ретроградни планети во исто време: Како ќе влијаат на секој хороскопски знак?

Read more

Рецепти

Тестенини на медитерански начин

Read more

Рецепт на денот: Пилешки џигер во крем сос

Read more

Зошто да додадете чоколадо во доматниот сос?

Read more
Како да направите совршено тесто за пица?

Станете мајстор: Како да направите совршено тесто за пица?

Read more
 

Магазин

Како да имате подобар секс кога со партнерот ве „палат“ различни работи?

Читај повеќе

5 ретроградни планети во исто време: Како ќе влијаат на секој хороскопски знак?

Читај повеќе
  • filter

3 цвеќиња со кои ќе ја разубавите градината и во есен

Читај повеќе

Го топат салото, градат мускули: 10 намирници богати со протеини

Читај повеќе

Што треба да јадат луѓето над 50 години за здраво срце?

Читај повеќе

Дали треба да го замените шеќерот со мед?

Читај повеќе

Тестенини на медитерански начин

Читај повеќе

Комбинација од две состојки брзо и лесно го отпушува одводот

Читај повеќе

Внимавајте на нивното однесување: Најчестите причини зошто бебињата плачат

Читај повеќе