Вистинско пријателство: На грб ја носел неподвижната другарка до врвот на Олимп

Дека искреното пријателство и силата на човечката волја не познаваат граници, докажа примерот на 22-годишна девојка со попреченост која го освои Олимп, највисокиот и според многумина најубавиот врв во Грција - на грбот на нејзиниот другар.

Елефтерија Тису цел живот e во инвалидска количка. Со години сонуваше да ги освои планинските врвови. Нејзината животна желба ја исполнил нејзиниот пријател Мариос Гјанаку, кој ја однел на врвот на планината, кој, како што вели, веќе педесет пати го има освоено, пренесува Reuters.

„Чувствата беа силни“, вели Тису, студентка по биологија и љубител на екстремни спортови. „Бев среќна, трогната... На крајот, чувствата беа најинтензивни кога се спуштивме и сфативме што направивме“, додаде таа.

Овие двајца освојувачи на Олимп потекнуваат од градот Драма, на северот од Грција, а се запознаа само еден месец пред овој потфат преку заеднички пријател. Гјанаку, ултрамаратонец кој учествуваше во трки од Арктикот до пустината, собра тим за поддршка кој ги придружуваше во поголемиот дел од оваа авантура.

„Имаше многу тешкотии. Тоа беше прв ваков проект и моравме да собереме голем тим“, објаснува Гјанаку, додавајќи дека тој ја носел Тиса во специјално дизајниран ранец.

Најголемиот дел од патот, но и последното искачување на врвот, го минаа сами двајцата.

„Но, најтешкиот дел од патувањето беше психолошкиот. Еден човек почина таму само еден ден порано“, рече младиот човек.

Искачувањето до Олимп, планина што се сметала за домот на боговите во античка Грција, не е за кукавици. Неговите врвови го носат прекарот престол на Зевс, а оние што се враќаат од освојувањето на оваа планина зборуваат за стрмни падини и лизгави карпи.

„Имаше одреден страв затоа што карпи имаше и пред нас и зад нас, но ние никогаш не се плашевме дека нема да успееме“, посочува Тиса, чиј подвиг сведочи за силата на човечката волја и кога некои работи изгледаат недостижни.

Од друга страна, несебичната поддршка на нејзиниот пријател е пример за вистинска човечка добрина и вистинско пријателство.

„Никогаш не сум направил нешто поубаво. Мислам дека ова ме направи целосен како личност“, рече Гјанаку.

Настанот го привлече вниманието на многумина, вклучувајќи го и премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кој им честиташе преку видео.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе