„Виталиа“ со свој придонес во битката со коронавирусот: Донирана здрава храна преку Црвен Крст и исплатен данокот на добивка

Продолжувајќи ги своите активности, „Виталиа“ даде поткрепа на битката со коронавирусот во земјава, преку аконтативна исплата на целиот данок за добивка за 2020 година, во износ од 7.002.194 денари. Исто така, компанијата донира поголемо количество здрава храна на Црвениот Крст наменета за социјално најзагрозените семејства.

- Соочувањето со коронавирусот е предизвик којшто бара активно и посветено вклучување на сите членови во општеството, не само на државните институции. Ова е навистина тешка и исцрпувачка битка, и со намера да го поддржиме севкупниот медицински персонал, но и останатите служби, како полицијата и армијата, аконтативно го исплативме данокот на добивка. Освен што со заедничкото совесно однесување сите придонесуваме да се спречи ширењето на COVID-19, секој од нас, во рамките на своите можности, треба да даде конкретна помош во оваа борба - истакнуваат од „Виталиа“.

Светската пандемија со коронавирусот драстично го промени начинот на којшто функционира секојдневниот живот, а тоа значи дека уште повеќе е зголемен ризикот во опстојувањето на најранливите општествени групи. Со цел и на нив да им се помогне, обезбедени се мусли, корнфлекс, оризови галети, колачи, екструдиран ориз и други здрави продукти од „Виталиа“, кои помагаат да се создаде посилен имунитет, што сега е неопходно за секого.

-Периодов, разбирливо е огромен дел од ресурсите како и најголем дел од енергијата да се посвети на спречување на ширењето на коронавирусот. Поради вонредната состојба, на лицата што се загрозени во нормални услови, треба да им се обрне посебно внимание. Како што наоѓаме начин да им помогнеме на најблиските, и покрај тоа што мораме да држиме безбедно растојание, така треба да најдеме начин да им дадеме поддршка и на сите што им е потребна. Волонтерите, какои целата организација на Црвениот Крст се вистинска инспирација за сите нас и за таа цел се надеваме дека оваа донација ќе им помогне да ја продолжат својата благородна мисија - велат од „Виталиа“.

И покрај сите препреки предизвикани од коронавирусот, компанијата периодов вложува максимални напори непречено и безбедно да произведува здрава храна со цел таа да биде достапна до широката популација, но и да овозможи поддршка таму каде што е најпотребна. За таа цел „Виталиа“ неодамна донира заштитна опрема и комплети здрава храна за медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје. Исто така, врши бесплатна достава на здрава храна за лицата над 60 години на територијата на целата земја.

*Промотивен текст.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе