Витамини и минерали што не треба да се земаат заедно

Мислите дека треба да внесете тон витамини во еден ден, но не сте сигурни кога и што сѐ треба да земете.

И иако секогаш треба да се свртиме кон храна за витамини и минерали, понекогаш витаминските додатоци можат да ни помогнат да ги пополниме празнините во нашата исхрана.

Апсорпцијата може да зависи од тоа кои од нив ќе ги земете заедно, а исто така може да доведе до штетни интеракции, кои можат да бидат штетни за вашето здравје.

Еве шест комбинации на витамини кои дефинитивно не треба да ги земате заедно.

Магнезиум и калциум

Многу луѓе сакаат навечер да земаат магнезиум, бидејќи може да поттикне чувство на смиреност и да ја поддржи мускулната релаксација. Меѓутоа, ако земате магнезиум, д-р Ерин Стоукс препорачува да не го земате истовремено со мултивитамини, бидејќи може да ја попречи апсорпцијата на помалите минерали што се наоѓаат во мултивитамините, како што се железото и цинкот. Дополнително, тој вели да се воздржите од земање на калциум, магнезиум или цинк заедно бидејќи тие „ќе се натпреваруваат за апсорпција“.

Додека д-р Џејдип Трипати вели дека земањето калциум и магнезиум помага да се спречи остеопорозата, па за да ги максимизирате придобивките, земајте ги во интервал од два часа разлика.

Витамини Д, Е и К

„Истражувањата покажаа дека апсорпцијата на витамин К кај луѓето може да биде намалена кога други витамини се раствораат во мастите, како што се витамин Е и витамин Д, ако се земаат заедно“, вели д-р Крис Ејри.

Се препорачува овие витамини да се земаат со најмалку 2 часа разлика, за максимално да се апсорбираат. За среќа нема штетни нус појави, меѓутоа д-р Ејри вели дека „едноставно не е ефикасно“ да се земаат заедно бидејќи способноста на вашето тело да апсорбира витамини ќе биде намалена ако ги земате заедно.

Рибино масло и гинко билоба

Додека додатоците на омегфа-3 рибино масло се одлични за здравјето на срцето, а гинкото може да се користи за помош на когнитивени оштетувања, според д-р Трипати, двата имаат потенцијал за разредување на крвта и земањето на двата истовремено може да го зголеми ризикот од неконтролирано крварење или номожност за згрутчување.

Железо и зелен чај

Иако зелениот чај не е додаток, тој е вкусен пијалак исполнет со антиоксиданси и во кој многумина од нас уживаат поради неговите здравствени придобивки. За жал, земањето додатоци на железо заедно со зелен чај не е добра комбинација.

„Зелениот чај всушност може да предизвика недостаток на железо ако се зема во големи количини во подолг временски период“, вели д-р Трипати.

Железото, од друга страна, може да ја намали ефикасноста на зелениот чај.

Витамин Ц и Б12

Според д-р Ејри, некои истражувања покажале дека витаминот Ц може да го разгради витаминот Б12 во вашиот дигестивен тракт, со тоа намалувајќи ја вашата апсорпција на Б12. Како резултат на тоа, вели дека треба да почекате најмалку два часа пред да земете витамин Ц покрај витамин Б12.

„Витаминот Б12 игра важна улога во производството на црвените крвни зрнца и правилното функционирање на вашиот нервен систем, а недостатокот на Б12 може да доведе до влошено здравје на нервите и да влијае на развојот и функционирањето на црвените крвни зрнца“, додава.

Тагови
реклама

Здравје

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Read more

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Read more

Кога да се посомневате во проблеми со тироидната жлезда?

Read more

Што открива бојата на вагиналниот исцедок и кои се последиците ако го игнорираме?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе