Визирот не е безбеден за заштита од COVID-19

Главниот епидемиолог во швајцарскиот кантон Граубинден, во кој се наоѓаат Санкт Мориц и Давос, ги предупреди рестораните да не ги користат визирите за заштита на вработените од новиот коронавирус, нагласувајќи дека тие создаваат „лажно чувство за безбедност“.

Предупредувањето влијае врз стратегиите при отворање на некои ресторани, хотели и други бизниси поврзани со туризмот. Во Германија, некои провинции им овозможуваат на услужните работници да носат визири, додека други бараат да носат заштитни маски.

Во швајцарските ресторани не е задолжително работниците да носат заштитни средства за лице, но некои вовеле таков услов.

Епидемиологот Марина Јамники истакна дека маските за вработените, кои не можат да одржат растојание од 1,5 метри, се подобро решение отколку „проѕирните пластични шлемови прицврстени со лента за главата“.

– Анализата на случаите и начинот на ширење на болеста, покажува дека пластичните шлемови, кои се користат во рестораните, не нудат доволна заштита. Има случаи на заразени лица со визири, тврдат од кабинетот на Јамники.

Во предупредувањето се напоменува дека визирите имаат помошна улога при заштитата од COVID-19, а за ефикасна заштита потребни се физичка дистанца и маски за лице.

Германскиот институт Роберт Кох соопшти дека маските се подобри, бидејќи тие „ја забавуваат брзината на здивот и распрснувањето на плунката и секретот“, додека визирите само „ги ловат капките, кои паѓаат на пластичниот штит“.

Тагови
реклама

Денот кога диносаурусите изумреа, објаснет до детали

Read more

Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Read more

Пет причини зошто жените изневеруваат

Read more

Актерката Силвија Стојановска доби затворска казна за транспорт на кокаин

Read more

Здравје

Кои додатоци во исхраната е корисно да ги земате секој ден?

Read more

Намирници кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Read more

Моќен напиток што ја подобрува крвта и ја враќа енергијата

Read more

Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Read more
 

Магазин

  • filter

Фотографии од британското кралско семејство што ретко се гледаат во медиумите

Читај повеќе

Како може јајцата да ви помогнат да слабеете?

Читај повеќе

Пет причини зошто жените изневеруваат

Читај повеќе

Кои додатоци во исхраната е корисно да ги земате секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Денот кога диносаурусите изумреа, објаснет до детали

Читај повеќе

Италија планира да направи атракција од морничав затворски остров

Читај повеќе

Намирници кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Читај повеќе

Направи сам: Домашен овошен сладолед

Читај повеќе

Моќен напиток што ја подобрува крвта и ја враќа енергијата

Читај повеќе