Владата ги објави имињата на предложените заменици-министри

Листата со предлози за замениците-министри со нивните биографии во име на премиерот Зоран Заев Владата ја достави до Собранието и преку соопштение попладневно ги објави нивните имиња.

За заменик-министер за одбрана е предложен Башким Хасани, за заменик министер за внатрешни работи Назим Буши, додека Агим Нухиу е предлог за заменик-министер за правда.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмир Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Предлог за заменик-министер во Министерството за финансии е Димитар Ковачевски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Илир Хасани е предлог за заменик-министер во Министерството за здравство, Арафат Шабани во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа, а Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, за Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а за Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите, завршени се разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменици министри и сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредени други општествени области кои се под надлежност на извршната власт.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе