Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10% ограничување на маржата во трговија на мало и 10% во трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но, истата да се дополни со средства за хигиена, како што се детергентите, и плус да се дополни со бебешка храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а истите се дел од основните потреби на граѓаните.

„Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес, и да трае заклучно до 30.04.2025 година“, велат од Владата.

Влада им препорача на сите маркети да почнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа.

„Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кои од маркетите ќе пазарат, да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување ќе придонесе кон некое усогласување на самите цени на производите“, велат од Владата.

Дополнително Владата го задолжи и Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други кај што ќе може да се разгледуваат и други предлози и мерки коишто ќе имаат долгорочно решавање на оваа состојба.

Тагови
реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Македонија

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Read more

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more
 

Вести

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Читај повеќе

Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Читај повеќе

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе