ВЛЕН: Ахмети и Села молчат за коруптивните случаи на нивните роднини и кадри

Од ВЛЕН потсетуваат дека изминаа 20 дена од скандалозното признание вина и спогодба меѓу членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мехмети и Ислам Абази, двајцата првенци на ДУИ.

„Изминаа 15 дена откако прашуваме каде е Дрин Ахмети и дали е точно дека одамна е спроведен надвор од државата. Изминаа 3 дена откако објавивме дека претседателот на огранокот на Села во Боговиње е уапсен за профитирање од криминални коцкарници преку интернет.

Од сите страни пристигнуваат информации и докази за скандали од различни институции поврзани со кадрите на минатата влада. Се однесувале буквално како државниот буџет да бил приватно чекмеџе кое треба да ја задоволува нивната алчност. Ахмети и Села упорно молчат, и наместо да се извинат, најавуваат посети на нивните ограноци. Изгледа дека го храбрат членството со нова порција лаги – дека час поскоро ќе се вратат на власт“, велат од ВЛЕН.

Продолжува, како што велат, нивното политичко слепило со кое упорно се обидуваат да ги направат Албанците штит за политичката корупција на нивните перјаници кои сакаат да уживаат во нелегално стекнатиот имот.

Ова раководство на ДУИ, според коалицијата, уште е заглавено во минатото од пред 15 години кога Албанците сè уште им веруваа дека навистина се борат за нивните права.

„Времето на тие заблуди одамна заврши. Допрва ќе почне да се одмотува клопчето кое ќе ги разоткрива вистинските лица на политичките богаташи чија единствена цел било безмилосно да се граба од народните ресурси. Бидејќи Ахмети и Села упорно ја игнорираат пораката на албанските гласачи од 8-ми мај, ќе добијат уште погласна и појасна порака на локалните избори следната година“, потенцираат од ВЛЕН.

Тагови
реклама

Македонија

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Read more

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more
benzinska.jpg

Горивата поскапуваат од полноќ

Read more
 

Вести

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните, модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

Читај повеќе

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин

Читај повеќе

Општина Центар објави повик за изработка на мини мурали и графити поврзани со македонското писмо и јазик

Читај повеќе

Со што се дрогираат Македонците?

Читај повеќе

Нетанјаху најави целосна окупација на Газа: Ќе преземеме сè, а помошта ќе биде минимална

Читај повеќе

Британија се враќа во Европа: Пу, пу, не важи Брегзит

Читај повеќе
benzinska.jpg

Горивата поскапуваат од полноќ

Читај повеќе

Кремљ го објави терминот за денешниот телефонскиот разговор помеѓу Путин и Трамп

Читај повеќе