ВЛЕН: Време е ДУИ да направи вистински ветинг, почнувајќи од Бујар Османи, најдобриот другар на Артан Груби

ДУИ продолжува да се обидува да ја излаже јавноста со нивните лажни ветувања за ветинг и „внатрешно прочистување“. Но, ако навистина сакаат да се борат против корупцијата, нека започнат од Бујар Османи – човекот што чудно беше заштитен од судска одговорност, велат од ВЛЕН.

„ДУИ, при ветингот, нека провери кој го спаси Бујар Османи од судска разрешница. Предметот кој го покрена СЈО против него мистериозно заврши без судска постапка! Кои се тие што го штитеа и зошто институциите молчат? Кој му помогна да се извлече од обвиненијата за корупција и злоупотреба на функцијата? На кого му должи Бујар за својата слобода, тоа треба да одговори ДУИ.

ДУИ, при ветингот, нека провери како Бујар Османи се снаоѓа со својот непотизам. Во Министерството за надворешни работи кадрите не се избираа според професионални критериуми, туку според лични врски со Бујар Османи и неговиот другар Артан Груби. Вработени се пријатели, роднини и другари, а не стручните и квалификуваните кадри.

ДУИ, при ветингот, нека ги провери и тендерите за партиските фирми кои ги доделуваше Бујар Османи. Министерството за надворешни работи беше претворено во коруптивен центар при што доделени се милионски тендери на фирми блиски до ДУИ. Фирмите на неговите партиски колеги добиваа тендери со милионски суми за настани кои траеа само ден или два. Добро е ДУИ да пронајде каде завршуваа тие пари.

ДУИ при ветингот, нека провери дали Бујар Османи беше министер или бледа сенка и другар на Артан Груби? Бујар Османи беше преносникот на пораки помеѓу Скопје и Будимпешта, носејќи тајни договори за враќањето на Никола Груевски. Нека провери ДУИ какви политики застапуваше Бујар Османи, за себе, за своите поранешни коалициони партнери или за Албанците кои ги заборави. Добро е да знаеме дали Бујар Османи беше само извршител на политичкото самоубиство на ДУИ во сценарио на Артан Грубу.

ДУИ ако навистина сака прочистување, нека не глуми дека ќе чисти ситни риби по своите ограноци. Нека почне од своите најголеми коруптивни фигури! Народот не верува во вашите лажни ветувања! Време е за нови лица и лица без коруптивно наследство!“, соопштуваат од ВЛЕН.

реклама
tigar.jpg

За прв пат во 100 години порасна бројот на тигри во природата

Read more
Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Read more
Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Кои филмски адаптации на книги ќе ги видиме годинава?

Read more
Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Милчо Манчевски на чело на жирито за 46. Филмски фестивал ФЕСТ

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Read more

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Read more

Денес дожд, засилен ветер и грмежи

Read more

Митески го доби мандатот за градоначалник на Аеродром

Read more
 

Вести

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила ја силувале во напуштен објект во Струга

Читај повеќе

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Читај повеќе

Девојката која се преправаше дека е Меделин Мекен осудена на 6 месеци затвор за следење

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост

Читај повеќе

За 9 месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра

Читај повеќе

Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца

Читај повеќе

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во Битолско, заработувале од мачење животни

Читај повеќе

Домашни производи и специјалитети од сите региони на Македонија денес може да се пробаат во Градски парк

Читај повеќе

Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Читај повеќе