ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ

Паднаа во вода приказните на ДУИ за тоа како тие се залагаат за европски вредности, владеење на правото и правдата. Артан Груби го нокаутира и онака слабиот рејтинг на ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголем доказ за криминалните дејствија на Груби, според оваа партија, е неговото ставање на црната листа на САД.

„Груби изјави дека е чист како солза, а сепак побегна во Косово и се обидува да се пазари со правдата. Али Ахмети, ДУИ и СДС молчат за бегството на Артан Груби.

На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.

Срамно е тоа што сѐ уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби, и тој замина во посета на Косово.

Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ“, истакнуваат од владејачката партија.

Груби, како што додаваат, тврдеше дека е „човек посветен на одбраната на европските вредности“, а нема ниту храброст, ниту морал, ниту смелост да се појави на суд и да се соочи со доказите.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и ДУИ молчат, а на јавноста ѝ е јасно дека на тој начин го поддржуваат бегството на Груби.

Нагласуваат дека одговорност мора да има и дека во Македонија мора да завладеат правото и правдата и да се унапреди демократијата.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Македонија

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Read more

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Read more
 

Вести

Уапсен водич на навивачка група во Тетово

Читај повеќе

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе