ВМРО-ДПМНЕ: Maкедонската Влада во ОН беше усогласена со САД, Мицкоски ја унапреди соработката

Премиерот Христијан Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, а СДСМ во очај ѝ љубоморат на сопствената држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата гласаше целосно усогласено со САД. Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг. СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти. СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство, му се допаѓа тоа на СДС или не, тоа ќе продолжи“, се вели во реакцијата.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто прес-конференцијата на Венко Филипче се најавува за утре, а не денес?

„Да не случајно е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее со Харис Џиновиќ?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно оцени дека вчерашното позиционирање на делегацијата на Северна Македонија во ОН во однос на гласањето по резолуциите на САД и ЕУ е скандалозно. Северна Македонија гласаше „воздржано“ за резолуцијата на ЕУ и беше единствена држава од Европа покрај Унгарија која не ја поддржа оваа резолуција. Дополнително, за декларацијата на САД, на која што нашата Влада и Мицкоски одлучија да бидат коспонзор, повторно Северна Македонија гласаше „воздражно“, велат од СДСМ.

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Македонија

Фали ме, Тимчо

Read more

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Read more

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Read more

Намалување на цените на горивата, дизелот поевтинува најмногу

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Израел воведува смртна казна за учесниците во нападите од 7 октомври

Читај повеќе

Фали ме, Тимчо

Читај повеќе

САД тајно преговараат за Гренланд

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема намера да ја прекине војната, се подготвуваме за нови напади

Читај повеќе

CNN: Путин навестува крај на војната во Украина, зошто сега?

Читај повеќе

Трамп: Имав договор со Иран четири или пет пати, потоа тие се предомислија

Читај повеќе

Цените на нафтата сè уште над 100 долари

Читај повеќе

Утре попладне локален пороен дожд со силен ветер, температурите до 31 степен

Читај повеќе

Општина Аеродром: Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!

Читај повеќе