ВМРО-ДПМНЕ: Прв пат пред лицето на правдата се изведуваат сегашни и поранешни функционери, без разлика на партиската или етничката припадност

Македонската јавност е сведок дека прв пат, како никогаш досега, државните институции посветено работат на целосно расчистување на трагедијата која ја потресе целата држава. За прв пат институциите приведуваат, испитуваат, отвораат истраги без оглед на политичка или етничка припадност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Во опсежна и сеопфатна истрага се испитуваат сите причини кои доведоа до трагичниот настан во Кочани и сите одговорни се изведуваат пред лицето на правдата.

Опсежната истрага на надлежните органи досега опфати голем број на лица без разлика на нивната партиска или пак етничка припадност, сегашни или пак поранешни државни функционери.

За само недела дена од трагедијата во сеопфатната истрага, опфатени се над 40-ина лица на кои им се одредени и мерки притвор. Меѓу уапсените има функционери од ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ како и луѓе кои не се политички определени или ориентирани.

Ова покажува дека органите на системот, како што се обвинителството и судството, иако лицата кои работат во нив се избрани од тефтерчињата на Заев и Ахмети, сепак знаат да работат професионално. Но, вистинското прашање, е зошто на СДС сега им смета и го доведува во прашање нивното професионално работење?

Кога СДС зборува за селективна правда, треба само да потсетиме на трагедиите кои се случија во изминатиот период и во кои немаше сеопфатни истраги и немаше човек што понесе одговорност.

Седум години власт на СДС, никој не понесе никаква одговорност и немаше приведени за трагедии како Ласкарци, Беса Транс или Модуларната болница, каде единствено 'виновни' беа каблите или пак шасиите.

Вистинското прашање е зошто тогаш за тавите трагедии немаше сеопфатни истраги и зошто немаше приведени и одговорни лица, дали затоа што обвинителството и судството беа под директна партиска контрола на СДС?

Трагедиите не треба да се користат за дневно-политичка пресметка, туку тие треба да нѐ обединат сите без разлика на партиската, етничката или пак верската припадност во тагата и болката и да застанеме зад институциите за нивно целосно расчистување.

За ВМРО-ДПМНЕ ова не е тема за политичка битка, туку на оваа трагедија гледа како на историски момент за целосно ресетирање на системот, нешто што ѝ е потребно на Македонија“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови
реклама

Македонија

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Read more

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Read more
 

Вести

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе
  • play_arrow

Втор бран израелски напади, „обезглавено“ иранското воено раководство

Читај повеќе
  • filter

„Чиста петка“ од прилепската публика за „Слепци“ на Турски театар  - Скопје

Читај повеќе

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Читај повеќе

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавени снимки од експлозиите во нуклеарниот комплекс на Иран

Читај повеќе

Владата блокира уште 173 интернет-страници за онлајн-коцкање, информира Меџити

Читај повеќе

Нови детали од истрагата за пожарот во „Пулс“

Читај повеќе