Внимавајте: Новиот Android вирус се преправа дека е ажурирање на системот

Малверите стануваат сѐ пософистицирани, во обид да се дојде до личните податоци на корисниците.

Истражувачите кои се занимаваат со безбедност на телефоните објавија дека има нов малициозен софтвер за Android кој е маскиран во „критичко ажурирање на системот“ и може да преземе целосна контрола врз уредот на корисникот и да ги украде личните податоци.

Малверот е најден во апликацијата наречена „Ажурирање на системот“, која треба да се инсталира надвор од Google Play, продавницата за Android апликации. Откако корисникот ќе ја инсталира, апликацијата се крие и тајно испраќа податоци од уредот на жртвата до хакерите.

URL

Zimperium, компанија за заштита на мобилната телефонија која го откри малверот, соопшти дека откако жртвата ќе ја инсталира штетната апликација, телефонот може да се контролира од далечина.

Шпионскиот софтвер може да украде пораки, контакти, обележувачи на прелистувачи и историја на пребарување, да снима повици и амбиентален звук и да фотографира со камерите на телефонот. Малициозниот софтвер исто така ја следи локацијата на жртвата, пребарува датотеки со документи и вади копирани податоци од „кешот“ на уредот.

Оваа апликација, исто така паметно се крие, па за да не биде „фатена“ испраќа делови од фотографии од телефонот наместо цели фотографии, а со тоа не троши голема количина на податоци.

Извршниот директор на Zimperium, Шридхар Митал изјави дека тоа е веројатно дел од насочен напад.

„Тоа е најсофистицираното нешто што сме го виделе“, рече Митал, додавајќи дека смета дека е потрошено многу време и напор за создавање на оваа апликација. „Сметаме дека има и други вакви апликации и се обидуваме да ги најдеме што е можно побрзо“, вели тој.

Бидејќи истражувачите потврдија дека вирусот е инсталиран надвор од продавницата Google Play, корисниците се советуваат добро да проверат пред да инсталираат што било што не е од проверени места, како што се официјалните продавници за апликации, истакнувајќи дека најдобро е апликациите што не доаѓаат од проверено место воопшто да не ги инсталирате.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе