Во Албанија 21 случај со Делта сој, од нив 6 вакцинирани

Во Албанија потврдени се 21 случај заразени со Делта сојот, од нив 8 се „увезени“, додека остатите се семејни кластери, изјави Силва Бино, раководителка на Одделот за епидемиологија, при Институтот за јавно здравје и член на комитетот за справување со пандемијата со COVID-19.

– По два случаја се донесени во земјава од Обединетото Кралство и Германија, додека по  еден случај од Чешка, Шпанија, Северна Македонија и Пакистан. Случајот од Пакистан беше без клинички знаци, како дел од скрининг, во оваа група тестови која беше испратена во лабораторијата во Берлин. Овие случаи, предизвикаа семејни жаришта, што потврдува дека имаме висока инциденца на зараза, рече таа.  

Според неа, заразените се на возраст од 16 до 77 години, а 9 се хосптализирани.  

Додаде дека од 21 заразено лице со Делта сојот, 6 биле вакцинирани.  

– Две од заразените лица биле вакцинирани во април во Обединетото Кралство со AstraZeneca, две со една доза со Pfizer во Германија, два случаја се со две дози CoronaVac, рече Бино.   

Преседателката на комитетот и заменик министерка за здравство Мира Ракацоли смета дека новата епидемиолошка состојба не наметнува други ограничувачки мерки освен постојните, за кои смета дека ќе ја контролираат состојбата, посебно потенцирајќи дека останува и понатаму во сила полицискиот час од полноќ до 6 часот и мерката за задолжително носење заштитна маска во затворен простор.

Таа упати апел за поголема масовност за имнизација против опасниот вирус, просец со кој до сега се опфатени над милион и 170 илјади.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе