Во Албанија во последната декада емигрирале половина од граѓаните со високо образование

Во последните десет години Албанија ја напуштиле над 47% од граѓаните со високо образование, посочуваат експерти од оваа област од Институтот за статистика на Албанија.

Сократ Палуши и Елма Кали во студијата „Албанската дијаспора во бројки“ наведуваат дека Албанија има највисоко ниво во регионот на емиграција на образовани луѓе и студенти во странство, јави дописничката на МИА од Тирана.

За учебната 2019-2020 година 18.181 млади луѓе заминале на студии во странство, додека појавата на „одлив на мозоци“ од Албанија се зголемува од година во година.

– Заминав затоа што добив стипендија за студии во Париз. Сега живеам во Луксембург. Ми недостига моето семејство, но подобриот квалитет на живот ме одржува тука. Им велам на моите пријатели во Албанија дека се среќни што имаат сонце, а нивниот одговор е: „дојдете живејте овде со сонце, но без економски приходи“, вели Замира Поде.

Во студијата се наведува дека иселувањето ги разделило албанските семејства, и од година во година се намалува процентот на младата наспроти постарата популација.

– Постарите живеат сами, бидејќи децата се жртвуваат не само за подобро образование, туку и за сигурна работа за во иднина за да му помогнат на семејството. Високото ниво на иселување на образовани луѓе од земјата ќе ја осиромаши економијата, а исто така негативно ќе влијае на одржливиот и долгорочен раст на земјата, констатираат експертите во студијата.

Се додава дека вкупната бројка на популацијата која се иселила од Албанија, главно во западноевропските земји, по падот на комунизмот, заклучно со 2020 година, изнесува 1.684.135 лица.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе