Во Албанија за една деценија 126.000 основци помалку

Бројот на ученици во основните и средните училишта во Албанија рапидно се намалува и ова е поизразено во основното образование.

Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека бројот на ученици во основното образовение во последната деценија е помал за 30 отсто, додека во споредба со првата година од транзицијата, 1991 година, за 45 отсто.

– Минатата година во основно образование биле запишани 295.000, во 2010 година 421.000 додека во 1991 година над 540.000 ученици. Основното образование денеска има околу 126.000 ученици помалку споредено со бројот на основците пред една деценија, или околу 295.000, потврдуваат статистичките податоци на ИНСТАТ.

– Намалениот наталитет и големата емиграција се двата фактора што ги празнат училиштата и ќе станат предизвик за одржливиот развој на земјата. Индексот на наталитет во 60-тите години на минатиот век беше 6,8 раѓања по жена, во 2001 година 2,1 раѓање, во 2011 година 1,7 и на 1,36 деца во 2019 година, наведуваат албанските медиуми.

Според податоците на Евростат Албанија, во 2018 година, е рангирана меѓу седумте земји со најниска стапка на наталитет во Европа, оставајќи ги зад себе само Грција, Кипар, Италија, Шпанија, Малта и Украина.

Медиумите наведуваат дека во училиштата малку се вложува за создавање соодветни услови за нормално одвивање на наставата, дури многу помалку споредено со периодот на комунизмот, кога имало многу повеќе ученици.

Во меѓувреме, од вчера нов министер за образование, спорт и млади е Евис Куши, актуелна пратеничка од Елбасан. Таа доаѓа на местото на Беса Шахини, која се враќа во Косово од каде и е. Ова е прва смена на министер што ја прави премиерот Еди Рама од јануари минатата година.

Куши вети дека ќе стои сѐ за подобрување на условите во училиштата, како и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар во актуелните услови на пандемија со COVID-19.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе