ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Во античка Олимпија запален олимпискиот оган за ЗОИ Пекинг 2022

Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, во присуство на претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах, претседателот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос и потпретседателот на организацискиот комитет Пекинг 2022 Ју Зајчин, од зраците на сонцето, претпладнево беше запален олимпискиот оган за 24. Зимски олимписки игри Пекинг 2022, јави дописничката на МИА од Атина.

Традиционално, со специјална кореографија и молитва до богот на сонцето Аполон да ги испрати неговите зраци и да го запали светиот факел за Пекинг, палењето на олимпискиот оган беше успешно.

Првиот факел го презеде шампионот во алпско скијање Јанис Андониу и му го предаде на олимпискиот шампион Ли Чиечун.

Поради пандемијата, манифестацијата се одржа без публика, а олимпискиот оган нема штафетното да патува низ Грција, туку директно ќе биде пренесен во Атина, каде што утре на посебна свеченост ќе им биде предаден на домаќините на Зимските олимписки игри.

На палењето на огнот му претходеше свечената манифестација, што започна со олимписката химна во изведба на сопраното Василики Карајани и интонирање на химните на Грција и Кина, по што на присутните им се обратија претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, претседателот на Грчкиот олимписки комитет, потпретседателот на организацискиот комитет Пекинг 2022, како и градоначалникот на Олимпија.

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, рече дека Олимписките игри го обединуваат човештвото во сета разновидност и секогаш градат мостови и пријателство, додаде на светот му е потребна поголема солидарност, бидејќи „не постои мир без солидарност“.

– Во овие тешки времиња низ кои сѐ уште живееме, Зимските олимписки игри Пекинг 2022 ќе бидат важен момент да го собереме светот во духот на мирот, пријателството и солидарноста. Најдобрите спортисти од светот во зимски спортови ќе се натпреваруваат за олимписка слава, додека живеат мирно, заедно под еден покрив во Олимпиското село. Сите ги почитуваат истите правила, сите сме еднакви, без оглед на социјалната припадност, полот, расата, сексуалната ориентација или политичкото убедување. На овој начин, спортистите ќе ни покажат дека можеме да одиме побрзо, можеме да целиме само повисоко, можеме само да станеме посилни, ако сме заедно, во солидарноста, порача Бах и додаде дека Пекинг ќе испише историја како прв град домаќин на летна и зимска Олимпијада.

Потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет Пекинг 2022, Ју Зајчин, рече дека олимпискиот оган, како симбол на олимпискиот дух, „илјадници години е светлина на солидарноста, пријателството, мирот и правдата“, но и дека е „сведок на славната историја на развојот и напредокот на човештвото и размените, и меѓусебното учење помеѓу културите и цивилизациите“.

– Заедно за заедничка иднина. Посакуваме олимпискиот пламен да биде вечна светлина која никогаш не згаснува во срцата на луѓето. Се надеваме дека луѓето ширум светот ќе се здружат за да го отфрлат мракот на пандемијата и да донесат заедничка посветла иднина, рече Зајчин и додаде дека кинеската Влада, со поддршка од луѓето ширум светот и преку тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет ќе понудат безбедни и сјајни Олимписки игри.

Претседателот на Грчкиот олимписки комитет, Спирос Капралос, истакна дека овој пат, олимпискиот оган, покрај пораките што ги испраќа до светот, исто така, „претставува симбол на доверба за конечна победа на човештвото во огромната битка што ја води со пандемијата речиси две години.

По завршувањето на манифестацијата, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу рече дека „олимпискиот оган, започнувајќи го патување за Зимските олимписки игри во Пекинг, ја пренесува пораката за помирување на народите, мир и фер плеј“.

Remote video URL

Олимпискиот оган од античка Олимпија го започна патувањето кон Пекинг, утре ќе пристигне во Атина на античкиот олимписки стадион „Панатенаик“, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри и ќе им биде предаден на организаторите.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе