Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Во Данска се пронајдени фосилизирани остатоци од ерата на диносаурусите. Имено, за ова откритие е одговорен локалниот ловец на фосили Петер Бенике, кој споменатиот фосил го пронашол на Стевнс Клинт, крајбрежна карпа на истокот на земјата, која е под заштита на УНЕСКО.

Овој самопрогласен фосилен гик тврдел дека пронашол необични фрагменти во парче креда, за кои подоцна било утврдено дека се остатоци од морски лилчан, подводен вид поврзан со морските ѕвезди и морските ежови.

Бенике ги однел фрагментите на испитување во Музејот „Источен Зеланд“, кој потврдил дека датираат од крајот на периодот на креда, т.е. од пред 66 милиони години кога имало диносауруси, вклучувајќи ги тираносаурус и трицератопс.

Палеонтологот и куратор на споменатиот музеј, Јеспер Милан, изјави за BBC дека ова е навистина необично откритие бидејќи помага да се објаснат односите во праисторискиот синџир на исхрана.

„Тоа ни кажува нешто за тоа кој кого јадел пред 66 милиони години. Ова откритие е уникатен увид во секојдневната ситуација на дното на морето во периодот креда, морето во кое живееле диносаурусите“, нагласи Милан.

Рибите и ајкулите во тоа време јаделе морски лилјани, кои тешко се варат.

Ова откритие е исто така значајно за подобрување на разбирањето на минатите екосистеми. Милан истакна дека неговиот музеј само ги информирал локалните медиуми за откритието, но дека откритието предизвикало глобален интерес, пишува BBC.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Вести

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Read more

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Read more

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Read more

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Read more
 

Гик

Италијански весник објави прво издание во светот генерирано од вештачка интелигенција

Читај повеќе

TikTok подготви алатка Security Checkup за заштита на корисничките сметки

Читај повеќе

Астронаутите кои се заглавени на ISS со месеци утре се враќаат на Земјата

Читај повеќе

Nintendo Switch 2 се очекува во јуни, позната и цената

Читај повеќе

Маск: Ракета со робот Tesla ќе патува на Марс до крајот на 2026 година

Читај повеќе

Креаторите на Facebook можат да ги монетизираат своите приказни

Читај повеќе

Сатурн официјално има 128 нови месечини

Читај повеќе

Apple носи големи промени во Maps за корисниците на iPhone

Читај повеќе

Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Читај повеќе