Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Почнувајќи од следната сезона во елитниот ранг на францускиот фудбал би требало да имаме ново големо ривалство помеѓу Пари Сен-Жермен и Париз.

ПСЖ со години е доминантна сила во францускиот фудбал, а развојот на клубот го иницираше влегувањето на катарските сопственици кои ги водеа парижаните до европска слава.

Сепак, во градот се појавува достоен ривал за наредниот период. Станува збор за второлигаш Париз (всушност името на француски е Пари), кој неодамна го презеде најбогатиот човек во Европа, Бернар Арно.

Сопственикот на модниот гигант LVMH, Бернар Арно, се здружи со Red Bull за да создаде голема приказна која има за цел да стави крај на доминацијата на ПСЖ во францускиот фудбал. Париз моментално е на второто место во Лиг 2, но единствена цел им е промоција во највисокото ниво.

Доколку се постигнат очекуваните резултати и Париз се избори за промоција во француската Лиг 1, од следната сезона ќе имаме ривалство оддалечено само неколку метри.

Имено, Париз ќе игра на стадионот „Жан-Буан“, кој од „Паркот на принцовите“ на ПСЖ го дели само две коловозни ленти. Стадионите се изградени на речиси исто парче земја. Моментално овој клуб своите натпревари ги игра на стадионот „Себастјан-Шарлети“, кој се наоѓа во 13-тиот арондисман, што е на сосем друга страна на Париз од 16-тиот каде се наоѓаат „Паркот на принцовите“ и „Жан-Буан“.

Бидејќи најмоќниот човек во Европа ги презеде на полусезона, се очекува до крајот на сезоната да бидат вистинските и да освојат промоција во друштвото на најдобрите. Стадионот „Жан Буан“ веќе е пријавен за настапите на Париз следната сезона.

ПСЖ и Париз ги врзува минатото. Париз е формиран во 1969 година, но веќе наредната одлучува да се фузира со многу постариот Сен-Жермен (формиран 1904) за да се создаде денешниот ПСЖ. Арно ама, по само две години, во 1972 Париз одлучи да се одвои и да продолжи самостојно. Со години беше нисколигаш и во сенка на несудениот побратим ПСЖ, но конечно доживеа подем.

Во француската престолнина сепак постои клуб многу постар од овие два и со многу побогата и пославна историја. Тоа е клубот Ред Стар, формиран во далечната 1897 година, кој е четврти најстар француски клуб. Денес настапува во Лиг 2 заедно со Париз, но се бори за опстанок. Инаку, тоа е славниот клуб на Жил Риме, човекот што ја создаде ФИФА и што го измисли Светското првенство.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Фудбал

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Read more

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Read more

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Read more

Романо: Модриќ има само една желба

Read more
 

Спорт

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе

Романо: Модриќ има само една желба

Читај повеќе

Ристовски заминува од Динамо?

Читај повеќе

Голем хендикеп за Барселона: Заврши сезоната за младиот Касадо

Читај повеќе