Во Геријатриската болница уште 10 нови позитивни на COVID-19, сите асимптоматски

Скопје, 7 август 2020 (МИА) – Нови 10 пациенти со COVID-19 се дијагностицирани во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, потврди за МИА министерот за здравство Венко Филипче.

– Тоа се асимптоматски случаи кои се откриени со тестирање и ќе бидат сместени во изолиран дел и за нив ќе се грижи кадар од болницата, рече Филипче.

Директорката на болницата, Салија Љатиф Петрушовска за МИА изјави дека ситуацијата е под контрола, херметички е затворен одделот на третиот кат, а извршена е и вонредна дезинфекција.

– Заболените се во добра здравствена состојба и се без симптоми. Откриени се преку скрининг, кој го направи болницата. Со новите случаи, вкупно 17 пациенти се позитивни на COVID-19, како и тројца вработени во болницата, додаде д-р Салија Љатиф Петрушовска.

Од болницата преку соопштение информираа дека од вкупно 17 позитивни пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца асимтоматски пациенти се префрлени за лекување во Ковид центарот во рамки на болницата Козле.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе