Во грчки брод закотвен на атинското пристаниште 119 лица се заразени со COVID-19

Во изминатите 24 часа во Грција, уште три лица починаа од коронавирусот, зголемувајќи го на 53, бројот на жртвите, додека пак регистрирани се 27 нови случаи на COVID-19 и уште 23 други во бегалскиот камп „Рицона“, а анализирани се 18.844 примероци, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, како што беше соопштено на денешната прес конференција во Министерството за здравство на Грција, на бродот „Елефтериос Венизелос“ што тргнал од Турција за Шпанија, но е закотвен на атинското пристаниште Пиреја, 119 лица се заразени со COVID-19, додека пак 250 од патниците се негативни на коронавирусот.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, рече дека за лицата кои што се здрави ќе започне процесот на репатријација, а заразените, кои што немаат никакви здравствени проблеми, ќе останат во изолација на бродот.

Бродот, во сопственост на грчка компанија, бил најмен за од Турција да пренесе работници во Шпанија, но 15-ина дена по тргнувањето останал закотвен во близина на Пиреја откако Турција одбила да го прими назад.

За време на постапката за репатријација на патниците, бил откриен првиот случај на COVID-19, по што бил направен тест и на останатите над 380 лица.

Вкупниот број на позитивни случаи на COVID-19 во Грција, денеска изнесува 1.514, вклучително и заразените во бегалскиот камп, но и екипажот на бродот.

Хардаљас рече дека бил регистриран и првиот позитивен случај на островот Миконос, заразената жена била пренесена во болница во Атина и најави дека се одложени сите градежни работи на островот. Истовремено, упати повик до жителите на островот да останат дома.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе