Во Грција ќе биде отворен првиот Google Cloud Region

Првиот Google Cloud Region во поширокиот дел на Јгоисточна Европа ќе биде отворен во Грција, инвестиција на Google што според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, до 2030 година може да донесе над 2 милијарди евра и да отвори околу 20.000 нови работни места, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната презентација на инвестицискиот план на Google во Грција, Мицотакис рече дека инвестицијата е „уште една алка во синџирот на важни бизнис планови кои не останаа на зборови“.

Претседателката на Google Cloud International, Адер Фокс-Мартин, изрази задоволство за проширувањето на соработката „за драстично да се зголемат и забрзаат иновациите и дигиталната трансформација во Грција“.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер со конкретната инвестиција и создавањето на првиот Google Cloud Region како во Грција, така и во Југоисточна Европа, земјата станува регионален ценатар за Cloud услуги.

Од една страна затоа што не е потребна употреба на инфраструктури и мрежи што се наоѓаат во западна, северна или јужна Европа, а од друга страна, бидејќи капацитетите развиени во Грција можат да им служат на бизнисите, организациите и другите корисници во поширока област.

Секој Cloud регион има можност за исклучително кратко време да одговори на многу бенефиции како што се складирање, организација, анализа и брзо обновување на податоци итн. 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе