Во ИСИС војувале 1.200 терористи од Балканот

Вкупниот број борци на џихадистичката група Исламска држава, кои се со потекло од Западен Балкан е поголем од 1.200, од кои 350 се од Босна и Херцеговина, се наведува во проценките на босанските безбедносни служби.

Според документацијата, најмногу борци на ИСИС има од Косово и тоа 403, потоа следува Босна и Херцеговина со 350, Албанија меѓу 180 и 200 и Северна Македонија со 156 борци, објави порталот BanjaLuka.net.

– Што значи враќањето на тие терористи на Балканот, што ќе значи и колку е тоа реален проблем, ќе се дознае многу брзо, откако повратниците ќе ги отслужат своите симболични казни за учество во борбите на страна на Исламската Држава и Ал Каеда во Сирија и Ирак, се додава во документацијата.

Како што се наведува, за домашното правосудство претставува проблем што нема конкретни докази дека тие извршиле злосторства и учествувале во убиства на заробеници, а безбедносните служби предупредуваат дека тие во релативно краток период формално-правно ќе бидат слободни граѓани, кои веројатно нема да се откажат од своите радикални верски и терористички идеологии.

Покрај тоа, во документацијата уште се наведува и дека Западен Балкан има проблем поврзан со економската инфилтрација на Турција и Катар во Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, која ѝ користи на идеолошката инфилтрација поврзана со Муслиманското братство, пишува порталот.

– Се додава дека таа индоктринација ја спроведуваат различни исламски невладини организации, кои имаат за цел да издоминираат со исламот на Балканот и кои сигурно ќе остварат контакт со повратниците од Сирија и Ирак и ќе продолжат да работат со нив како хуманитарни организации, пишува во документите на босанските безбедносни служби.

реклама

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе