Во кафуле во Подгорица келнерите носат униформи со Z

Амбасадата на Украина во Црна Гора најостро ја осуди управата на кафулето во Подгорица, „Руски бар“ во блокот пет, чии вработени ја носат буквата Z на работните униформи. Тоа е симбол на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

Според објавата на официјалниот профил на Facebook, Украинската амбасада поради ова испратила допис до надлежните органи на Црна Гора: „Ние сме револтирани што еден од угостителските објекти во главниот град на Црна Гора толку смело и отворено ги поддржува руските злосторства против Украина. Амбасадата испрати нота до надлежните органи на Црна Гора и ќе чека официјален одговор“.

Црногорските надлежни органи засега не соопштуваат ништо.

Антон Герашченко, заменикот-министер за внатрешни работи на Украина, на својот Twitter профил објави фотографија од келнер од подгоричкиот „Руски бар“, со прашањето: „Дали е вистина дека вработените ја носат таа ознака?“.

URL

Во Подгорица во неколку наврати се организираа собири за поддршка на Украина, додека во Цетиње граѓаните сто дена по ред организираа собири за поддршка, а и сега во главниот град на Црна Гора повремено ги одржуваат.

Додека граѓаните на Цетиње протестираа против руската инвазија на Украина, во Никшиќ се одржаа неколку митинзи за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин, организирани од православните братства блиски до Српската православна црква.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе