Во Хрватска откриена мутација на COVID-19, засега не се знае од кој сој

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, денеска информира дека една од можните мутации, која има својства не само на онаа откриена во Бразил, туку и на варијантите откриени првпат во Велика Британија, и Јужна Африка, била откриена во институтот „Руџер Бошковиќ“, а резултатите од секвенционирањето на целиот геном ќе бидат познати за една недела.

– Пронајдена е една од можните мутации, која има карактеристики на бразилскиот, но и на јужноафриканските и британските соеви. Еден колега рече дека секвенционирањето на целиот геном на вирусот е во тек и ќе имаме целосни информации за една недела, изјави Берош пред новинарите.

Тој посочи дека бразилскиот сој е помалку вирулентен од јужноафриканскиот, но оваа мутација на спајк протеинот се наоѓа во сите соеви, така што во моментов не е можно да се каже за којa варијанта станува збор, додавајќи дека ќе стане збор за хрватска варијанта.

Берош објасни дека секоја варијанта има свои специфични мутации.

– Ова е само една од нив. Од клиничка гледна точка, таа мутација е пронајдена како дел од анализата на 50 примероци од 30 јануари. Нема клинички параметри што би укажале на значително ширење на епидемијата, истакна хрватскиот министер за здравство.

Тој посочи дека треба да се обрне одредено внимание на ова, но без сензационализам.

– За да утврдиме за која варијанта се работи, ќе мора да почекаме за целосна анализа, рече министерот Берош, пренесе HINA.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе