Во Косово приведена Русинка осомничена дека соработува со руските тајни служби

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља синоќа информираше дека при влез од Србија на граничен премин во северно Косово, е приведена руската државјанка Дарија Асламова, за која, според него, има информации дека е соработник на руските разузнавачки служби, јави дописникот на МИА од Приштина.

На својата страница на Фејсбук, Свечља тврди дека за разузнавачките и пропагандни активности на Асламова за потребите на руските тајни служби, постојат многу докази и потврди од повеќе држави, во кои веќе ѝ е забранет влезот.

Според првиот човек на косовската полиција, своите дејствија, настапувајќи како новинарка, Асламова ги врши и во моментов, а меѓу последните места каде што е забележана е Украина, каде што активно се вклучила во војната вршејќи пропаганда.

– Надлежните во Република Косово од претходно имаат сознанија за нејзиното дејствување, но и во некои држави ѝ е забранет влезот поради истата причина. Во овој случај таа е приведена и продолжува работата на соодветните служби до разобличувањето на нејзините намери, напиша Свечља.

Тој напоменува дека нејзиниот обид да влезе во Косово доаѓа по минатонеделните немири во северниот дел од земјата и по вчерашните пукотници врз припадници на косовската погранична полиција на границата со Србија, за што вели дека е одговорен српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Нагласуваме дека таа се обидува да влезе во Косово една недела по тензиите предизвикани од криминалните структури на север и истиот ден кога истите структури, кои се оркестрирани од Вучиќ, испукаа десет куршуми кон нашите полициски службеници. Нејзиниот обид да влезе во нашата земја не само што соодветствува со настаните на северот, туку ги потврдува јасно врските со руската пропаганда на која веќе ѝ се приклучи Србија и кои имаат за цел дестабилизација на нашата земја, напиша Свечља.

Објавата на својата страница на Фејсбук Свечља ја илустрира со фотографии на Асламова, меѓу кои и во друштво со руски војници, со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како и облечена во униформа на руската војска.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе