Во осмиот обид Тони Кукоч конечно влезе во Kуќата на славните

Легендата на хрватската кошарка конечно се здоби со признанието после седум неуспешни обиди.

Откако во 2014 година беше номиниран од својот поранешен клуб Чикаго Булс, Тони Кукоч дури сега, во 2021 година, успеа да влезе во Куќата на славните на НБА.

Хрватот во минатото постојано се чудеше вечејќи дека не разбира зошто константно е оставан на страна при секое бирање на нови личности за влез во ова елитно друштво. Поранешни тренери, негови соиграчи, како и кошаркарски експерти постојано велеа дека НБА прави голема грешка изоставувајќи го бидејќи Кукоч е помеѓу најдобрите пет европски кошаркари на сите времиња.

Сепак, конечно сега ги дочека своите пет минути, а со неговото влегување во Куќата на славните Хрватска стана земја со најмногу претставници после САД. Пред Кукоч во елитното друштво влегоа Крешимир Чосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раџа (2018).

Кукоч во својата богата кариера ја предводеше Југославија до две титули европски шампион (1989 и 1991) и една мундијалска (1990), а потоа со Хрватска стигна до сребро на ЛОИ 1992.

На клупски план тој беше дел од ѕвездениот состав на Чикаго Булс освојувајќи три последователни НБА титули (1996, 1997 и 1998), а исто толку титули освои и со Југопластика како шампион на Европа (1989, 1990 и 1991).

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе