Во паркот Авионче во Ново Лисиче денеска ќе може да пробате домашна традиционална храна

Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци ќе ги промовираат нивните домашни производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што ќе се одржи денеска во паркот Авионче во Ново Лисиче.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оваа манифестација ќе се промовираат домашните и традиционални производи.

„Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот. За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности“, наведуваат од МЗШВ.

Настанот го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – ФАО, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од Германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Македонија

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Read more

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Read more

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Read more

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Read more
 

Вести

Рубио: Русија подготвува предлог за прекин на огнот во Украина

Читај повеќе

Пратеникот Сулејмани поднесе оставка: Не сакам да бидам дел од компромис со луѓе на црни листи

Читај повеќе

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе