Во Велес во подрум на семејна куќа на улица „Андон Шурков“ е најден обесен 87-годишен старец, чие тело го нашол член на семејството.
Екипа на Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес која дошла на местото на настанот само констатирала смрт, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова, началник на Службата за Брза помош.
Од СВР Велес за МИА го потврдија настанот, нивна екипа прави увид на местото на настанот.