Во Работнички задоволни, Илиевски ќе ги предводи и наредната сезона

Работнички со оптимизам влегува во проектот за новата натпреварувачка сезона 2023/2024 во најдобрата македонска фудбалска лига, а раководството на клубот има доверба во шефот на стручниот штаб Милан Илиевски, со кого е постигната согласност за обновување на соработката и за наредниот период.

„Раководството на клубот ја анализираше изминатата сезона и иако нема многу причини за задоволство од конечниот пласман на табелата, сепак, задоволни сме од професионалноста и начинот на работа на шефот на стручниот штаб Милан Илиевски. Со него постигнавме договор за продолжување на соработката и во наредниот период. Откако ја доби довербата, Илиевски ја стабилизираше екипата, оствари позитивни резултати, а истовремено и промовираше голем број млади фудбалери во тимот, кои се стекнаа со неопходното прволигашко искуство и се светла иднина на ФК Работнички“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.

Тренерот Милан Илиевски, кој е и поранешен деффанзивец на овој клуб, е задоволен што ја продолжува соработката со Работнички и за наредниот период.

„Чест е да се предводи ФК Работнички, но и голема обврска. Благодарност до раководството на клубот за довербата, можам да ветам напорна работа, а уверен сум дека тимот располага со голем потенцијал и ќе се трудиме да го извлечеме најдоброто на секој натпревар за да ги исполниме целите на Работнички“, изјави шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски.

Работнички изминатава сезона ја заврши на 8. место, а не постигна успех ниту во Купот.

Илиевски беше дел од шампиопнските генерации на клубот во првите годинио од овој век. Покрај Работнички настапуваше и за Вардар, Милано, Македонија ЃП и Металург.

реклама

Фудбал

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Read more

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more
 

Спорт

Спалети: Немам што повеќе да му дадам на Наполи во моментов

Читај повеќе
  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе