Во Русија почна тестирањето на вакцината Sputnik V Light

Првите учесници во испитувањето на вакцината против коронавирусот Sputnik V Light се вакцинирани во Москва, изјави денеска заменичката-градоначалник на Москва задолжена за прашања од социјалниот развој, Анастасија Ракова.

– Согласно тоа како волонтерите ќе бидат подложени на прегледи, опсегот на вакцинација исто така ќе се зголеми. Активно се поднесуваат пријави од доброволци, при што 490 лица го поминале медицинскиот преглед за два дена, рече Ракова.

Light верзијата на Sputnik V се состои од една доза и се верува дека ќе овозможи заштита, посебно од тешка форма на COVID-19, во текот на 4-5 месеци.

Ракова потсети дека волонтер може да биде секој постар од 18 години кој не бил болен и не бил позитивен на коронавирус, не примил вакцини во текот на последниот месец, нема антитела на коронавирус, нема алергиска реакција, нема хронични болести. Бремените жени и доилките не можат да учествуваат во студијата.

– Се претпоставува дека оваа вакцина ќе ја користат млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, кои развиваат добар имунолошки одговор и развиваат доволно ниво на антитела при првата репликација. Sputnik V Light во комбинација со Sputnik V ќе овозможи повеќе можности за вакцинација, објаснува Ракова.

Таа потсети дека во Москва е планирано и испитување на назална вакцина против коронавирусот, а испитувањето не може да започне сè додека не се добие одобрение од Министерството за здравство на Русија. Како што вели таа, назалните форми на вакцини веќе постојат, на пример, вакцините против грип.

„Лесната“ верзија на Sputnik V доби дозвола за клинички испитувања на 11 јануари од руското Министерство за здравство. Истражувањето се спроведува на 150 волонтери и се изведува во три медицински установи. Според веб-страницата на државниот регистар, која содржи одобренија за истражување од руското Министерство за здравство, целта на клиничките испитувања е да се процени безбедноста, толеранцијата и имуногеноста на вакцината Sputnik Light во врска со спречување на инфекција од коронавирус.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека постои „лесна“ верзија на руската вакцина против COVID-19. Тој изјави дека оваа вакцина ќе има пократок ефект, но дека ќе овозможи вакцинирање на поголем број луѓе.

– Ако некое лице се разболи по примената „лајт“ вакцина, нема да развие тежок случај на COVID-19. Вирусот нема да се спушти во белите дробови, тој ќе биде само како мала настинка, рече Александар Гинтсбург, шеф на „Гамалеја“, која ја разви вакцината.

Тој, исто така, објасни дека оваа вакцината ќе може да се стави во употреба брзо по почетокот на клиничкото испитување, со оглед на тоа дека не е потребно многу да се менува технологијата бидејќи во поедноставената верзија ќе се користи првата компонента од оригиналната вакцина. 

реклама

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Read more

Се појави нов опасен тренд

Read more

Дали можете да пиете андол и аспирин откако сте примиле вакцина AstraZeneca?

Read more

Милијарда долари за да може Ever Given да излезе од Суецкиот Канал

Read more

Свет

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Read more

Никогаш немало толку многу кокаин во Европа како сега

Read more

Првпат во историјата жена е главен уредник на Reuters

Read more

Тедрос: COVID-19 за неколку месеци може да се стави под контрола

Read more
 

Вести

Хераклеја Линкестис си го добива назад Римскиот пат

Читај повеќе

Обвинителството бара притвор за Мијалков: Тој е моќен човек

Читај повеќе

Поголем број на хоспитализации во текот на вчерашниот ден, ситуацијата е сериозна

Читај повеќе

Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“

Читај повеќе

Ќе пукне ли? Русите распоредија војска, Америка испрати два воени брода

Читај повеќе

Агент за недвижнини оштетил потенцијални купувачи за 32 илјади евра

Читај повеќе

Се појави нов опасен тренд

Читај повеќе

Никогаш немало толку многу кокаин во Европа како сега

Читај повеќе

Првпат во историјата жена е главен уредник на Reuters

Читај повеќе