МБЛ 2021

Во САД почнаа натпревари пред полни трибини

Бејсбол клубот Тексас Ренџерс новата МЛБ сезона ја отвори пред полни трибини и тоа целосно распродавајќи го стадионот.

Целокупниот капацитет на „Глоуб Лајф Филд“ стадионот во Арлингтон, односно 38.238 беа присутни на првиот домашен натпревар од новата сезона во МЛБ. Домашниот тим на Тексас Ренџерс сепак ги разочара навивачите губејќи со 2:6 од Торонто Блу Џејс. Претходно, Тексас одигра три натпревари против Канзас Сити Ројас и запиша два пораза и победа, но сите беа на гости.

Одлуката на Ренџерс да одржат натпревар пред полни трибини наиде на огромна критика од страна на здравствените лица, како и на самиот претседател Џо Бајден. Тој ваквата клупска одлука ја нарече „неодговорна“.

Remote video URL

Клубот одлучи дека носењето маски и социјална дистанца останува задолжително во внатрешните места на стадионот, но на самите трибини ретко се гледаа навивачи кои носат маска.

Тексас Ренџерс објави дека се одлучиле на вакво нешто откако гувернерот Грег Абот ги тргна рестрикциите во сојузната држава Тексас кои се однесуваа на бројот на луѓе чие присуство е дозволено на настани.

„Цела година чекавме за да се отвориме и да играме пред навивачите. Многу се возбудивме кога гувернерот ја донесе одлуката уште на 2 март. Кога дознавме дека имаме таква шанса, се надевавме дека што повеќе навивачи ќе можеме да примиме сезонава“, вели Роб Метвик, извршен потпретседател на клубот.

Ренџерс најавија дека и за останатите натпревари од сезоната ќе продаваат колку што можат повеќе билети.

И на останатите натпревари има присуство на публика, но секаде во ограничен број. Само Тексас Ренџерс направи ваков голем исклучок и очигледно ќе продолжи да го прави.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе