Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни банкноти

Во одделни операции во Шпанија и Романија, со поддршка на експерти од Европол, минатиот месец биле откриени две илегални печатници за лажни банкноти.

Во операцијата во Шпанија, полицијата на оваа земја соработуваше со колумбиските истражни тела, при што се уапсени двајцата главни осомничени, државјани на Колумбија, и претходно познати на локалните власти за слични активности.

Количината на опрема и суровини запленети во нивните домови укажува на тоа дека илегалната печатница што ја основале во Шпанија имала почетен производствен капацитет од околу 300.000 фалсификувани банкноти.

Соработката меѓу колумбиските и шпанските власти овозможила следење на криминалните активности во нивната рана фаза и спречи можност за значителен износ на фалсификувани евра да стигнат до монетарниот систем на ЕУ, се наведува во денешното соопштение на Европол.

Романската полиција уапси еден од најголемите фалсификатори на полимерни банкноти, а покрај опремата што се користи за фалсификување, а во куќата на главниот осомничен биле запленети фалсификувани банкноти во вредност од околу 8000 евра, недовршени фалсификувани банкноти и репроматеријали.

Како што се наведува во соопштението, оваа илегална печатница почнала со работа во 2014 година, кога во Романија се појавиле во оптек првите висококвалитетни фалсификувани леи, а оттогаш се откриени 17.065 вакви банкноти, кои предизвикале финансиска штета во висина од околу 352.500 евра.

Во соопштението на Европол, исто така, се потсетува дека фалсификувањето пари спаѓа во надлежност на нејзиниот неодамна формиран Европски центар за борба против финансиски и економски криминал. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе