Во споредба со белиот: Прави ли кафеавиот шеќер разлика во вкусот на кафето?

Ретко која намирница е толку жестоко дебатирана како шеќерот, дури и кога станува збор за засладување на кафето. Но, ако сте од оние луѓе што не можат да пијат кафе без шеќер, можеби треба да ја пробате верзијата со кафеав шеќер.

За многу луѓе кои уживаат во пиењето кафе, шеќерот е незаменлив. Меѓутоа, ако некогаш сте се запрашале „дали кафеавиот шеќер ќе направи разлика кога станува збор за вкусот на вашето кафе“, одговорот е - да.

Иако може да има мала нутритивна разлика помеѓу белиот и кафеавиот шеќер, главната карактеристика што е релевантна за вашето кафе е всушност интензитетот на вкусот.

Кафеавиот шеќер има посилен вкус, додека белиот има прилично неутрален вкус. Белиот шеќер само додава сладост, додека кафеавиот шеќер исто така додава вкус.

Белиот шеќер е подобар избор ако апсолутно го сакате профилот на вкус на одредено кафе и само внимавате на неговата горчина. Мал додаток на шеќер ќе ја нагласи суштината на кафето и ќе го маскира секој горчлив вкус.

Кафеавиот шеќер сѐ повеќе е во центарот на вниманието, бидејќи многу луѓе почнуваат да го препознаваат потенцијалот за вкус што го носи. Всушност, понекогаш токму овој вид шеќер го прави кафето и другите слични пијалаци какви што се.

Кафеавиот шеќер создава побогат и покомплексен вкус во вашата шолја кафе. Тоа не ги нагласува само нотите на вкусот на кафето, како што тоа го прави белиот шеќер. Тој всушност се спојува со нив.

Може да биде совршен додаток на сите видови кафе, но особено ќе биде забележлив кај посилните кафиња бидејќи нема целосно да ги преземе вкусните ноти. Добро се вклопува и со популарните кафиња кои имаат специфични, т.н. вкусови на јаткасти плодови.

Причината за овој побогат вкус на кафеав шеќер е тоа што е бел шеќер измешан со меласа. Меласата е нуспроизвод од производството на шеќер, сирупот што останува по екстракцијата на шеќерот.

Постојат различни видови на кафеав шеќер во зависност од содржината на меласа. На пример, темнокафеавиот шеќер има повеќе меласа од другите видови кафеав шеќер и затоа има посилен вкус. Значи, ако претходно сте пробале кафеав шеќер во кафе и не ви се допаднало, можеби вреди да се обидете повторно со различен тип.

Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Read more

Земја која се пласираше на Мундијалот е на списокот на Трамп за целосна забрана за издавање визи

Read more

Силвестер Сталоне отсекогаш сакал да глуми еден херој на Marvel

Read more

Живот

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Read more

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Read more

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Read more

Што ако се омрсите за време на постот?

Read more
 

Магазин

Каков чај треба да пиете навечер за да заспиете побрзо?

Читај повеќе

Паркинг место во САД се продава за 750.000 долари

Читај повеќе

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Читај повеќе

Како да ја поттикнете домашната мачка да биде физички поактивна?

Читај повеќе

Како пилешкиот џигер да биде мек, а не тврд?

Читај повеќе

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Читај повеќе

По пет години во кал iPad помогнал да се реши случај на кражба и обид за убиство

Читај повеќе

Пет намирници кои децата не треба често да ги јадат

Читај повеќе

Која храна најмногу ги оштетува забите?

Читај повеќе