Во тек потрага по 39-годишниот Александар Черговски од Берово

Во тек е потрага по Александар Черговски, 39-годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

-Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски со прекар Мали Радио МК. Имено тој од Германија е излезен на 18.02.2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин.

Роднините на Александар од Берово веднаш ја алармирале полицијата за исчезнувањето, а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.

-Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него, да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, додадоа од неговото семејство.

Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.

-По пријава на Интерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде се направени контакти и проверки на неколку локации, додаде Гордана Панајотова, потпарол на СВР Штип.

Според лица блиски до Черговски, Александар на граничниот премин се симнал од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе