Во водите на Охридското Езеро се удави млад ракометен голман

Од водите на Охридското Езеро денеска е извлечено телото на Никола Д. (26), голман на ГРК Охрид, поранешен член на РК Металург и репрезентативец во националниот ракометен тим.

Беживотното тело на 26-годишниот спортист роден во Скопје е пронајдено во близина на туристичката населба Лагадин.

Потрагата по него започнала уште синоќа, а била известена и полицијата.

Поради трагичната смрт на младиот голман одложен е вечерашниот меч од Супер лигата помеѓу Охрид и Струга.

Веста за трагичната смрт на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски ја потресе охридската спортска јавност.

Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, како и сочувство до семејството на младиот голман.

„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката од РК Охрид.

Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а има настапувано уште и за битолски Пелистер. Повремено беше и голман во националниот ракометен тим.

Екипа на СВР Охрид во присуство на јавен обивнител изврши увид на лице место, а истрагата треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе