Во возило во Куманово откриени 21 мигрант, од нив 10 малолетници

Полицијата во Куманово рано утрово во возило со штипски регистарски ознаки пронашле 21 мигрант, од кои 10 биле малолетници. Штипјанецот кој управувал со возилото е приведен.

Од МВР денеска информираа дека околу 1:00 часот во кумановското село Матејче, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило Renault Espace со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон село Отља.

– По кратко време на ул. „11-ти Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј. (70) од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица, се наведува во соопштението од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитениот центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе