Во Вселената, сѐ изгледа поинаку

МИА / КАЈГАНА
/ 19.05.2020 / 11:25

Астронаутите минуваат месеци во Вселената, при што нивните земни навики и потреби не може да се изостават. Но, сите тие секојдневни, вообичаени појави, предмети, состојби, дејствија – онде горе изгледаат поинаку. Следуваат пет примери…

  1. Пламенот не се издолжува

На Земјата, огнот под влијание на воздухот околу него, добива издолжен облик. Во Земјината Орбита, при бестежинска состојба, пламенот од свеќата, на пример, нема таков нагорен тек, па огнот добива сферичен, полутопчест облик. Пламенот на Меѓународната вселенска станица (МВС), исто така, е послаб отколку на Земјата, но може да трае подолго.

  1. Водата зоврива во топчеста форма

Во Вселената, кај водата што врие се појавуваат меури од пареа, исто како на Земјата. Но, тие не се издигнуваат, токму поради отсуството на гравитација. Пареата тука не е полесна од водата и од воздухот. Наместо тоа, помалите меурчиња се спојуваат меѓу себе и создаваат еден поголем меур.

  1. Бактериите се помоќни

Без Земјината тежа, бактериите многу побрзо се размножуваат. Тоа ја зголемува и нивната моќ, па така стануваат поотпорни на антибиотици и посмртоносни.

  1. Спиење во вреќи со каишки

За да не лебдат во воздухот, астронаутите на МВС мора да се врзат во своите вреќи за спиење.

  1. Во Вселената не се пијат газирани сокови

На Земјата, кога се пие газиран сок, поради тежата, течноста и гасот се одделуваат во стомакот. Течноста оди надолу, а гасот нагоре. Тоа во секојдневието се нарекува подригнување. Во Вселената е можно само „влажно подригнување“, што го прави пиењето газирани пијалаци крајно непријатно… Човекот буквално треба да поврати за да го исфрли гасот од себе.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе