Водичот „Византиското наследство на Скопје“ излезе на англиски јазик

Во издание на HAEMUS излезе водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик. Автор на ова најново издание е Василка Димитровска.

Водичот дава хронолошки преглед на средновековните цркви и манастири во скопскиот регион, групирани по географски целини: околу Водно, Матка и на Скопска Црна Гора. Опфатени се информации за 14 позначајни објекти во однос на нивната архитектура и уметност кои се илустрирани со фотографии и скици, а сето тоа е придружено со мапа и начините како да се стигне до нив. Даден е и тродимензионален архитектонски пресек на византиска црква за полесно снаоѓање во просторот, речник на стручни термини, како и практични совети за посетителите.

– Византиската уметност и архитектура, од моментот кога е создадена, привлекува голем интерес насекаде каде што постои. Со оглед на големиот интерес за средновековниот период, се наметна потребата од создавање на практичен водич за византиското наследство на Скопје. Нашите византиски цркви кои се добро сочувани и за среќа лесно достапни, се предизвик и инспирација за сите посетители. Се надевам публикација од ваков вид ќе биде одличен извор на информации за истражувачите, туристичките водичи, но и за верниците кои сами ги посетуваат нашите средновековни храмови, вели Василка Димитровска од HAEMUS.

Од HAEMUS информираат дека книгата може да се набави во печатена форма во книжарниците, а достапна е и во електронска верзија. Проектот е реализиран со кофинансиска поддршка од Градот Скопје во рамките на нивната годишна програма за култура.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе