Војдан Стојановски уште две сезони во МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски потпиша нов двегодишен договор со скопски МЗТ.

– Изминативе недели водевме жестока битка со повеќе реномирани европски екипи за услугите на Војдан Стојановски (34 год, 194 см) од која, на крајот, МЗТ излезе како победник, со оглед што успеа да го убеди македонскиот репрезентативец да го продолжи договорот и во следните две сезони да остане лидер на нашиот клуб, објавија аеродромци на својата веб-страница.

Ова значи дека дека „Сино-белите“ во новата сезона ќе бидат исклучително квалитетни во надворешната линија, каде што ги имаат и брат-близнакот Дамјан, како и репрезентативните колеги Андреј Магдевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев. Тука се и Американците Мајк Кафи и Бре Ајви.

„Војдан имаше повеќе сериозни понуди надвор од државата, пред сѐ од Франција, но кај него победи желбата да се биде предводник на нашиот клуб во обидот да се врати реномето во најсилната лига во регионот и секако да се продолжи доминацијата на домашна сцена“.

Тој досега трипати беше најдобар кошаркар во Македонија (2009, 2011 и 2015 година), а во својата богата ризница има по две македонски круни и куп-трофеи, пехар од првенството на Украина и триумф во Купот на Германија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Кошарка

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Read more

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Read more

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе