Volkswagen го менува начинот на продажба за своите електрични автомобили од семејството ID и ќе ги продава онлајн.
Оние коишто сакаат да купат електричен автомобил на Volkswagen можат директно да го нарачаат од компанијата.
Наместо на продажбата, дистрибутерите ќе бидат фокусирани на организирање на тест-возење и олеснување на трансакциите, како и ќе се погрижат за тоа автомобилите да пристигнат безбедно до своите купувачи.
Новиот систем го усвојуваат сите партнери за продажба на Volkswagen ширум светот, а во Европа продажбата на моделот ID.3 започнува наредниот месец. Ова е уште еден начин како електричните автомобили ќе ја променат автомобилската индустрија, но и начин како да се зголеми продажбата на електрични автомобили.