Volkswagen го освежи својот најпродаван SUV
Volkswagen го освежи својот среден SUV, моделот Tiguan.
Редизајнираниот Tiguan кој сега е опремен со ЛЕД светла и понатаму ќе се нуди во комбинација со два или три реда седишта, а силата се пренесува на сите четири тркала.
Од Volkswagen подготвија и две нови бои за каросеријата. Направени се и промени на централната конзола.
На врвот на понудата за купувачите во Европа е верзијата R со 320 коњски сили. Продажбата започнува наредниот месец.